Радио Милева
евровизиски претставник

Лила откри кој и е фаворит за Евровизија 2022: „Светско, а наше“ (фото)

Лила откри кој и е фаворит за Евровизија 2022: „Светско, а наше“ (фото)

Овагодинешното издание на Евровизија 2022 година ќе се одржи во Италија.

Неодамна МРТ објави дека од вкупно 47 композиции кои пристигнале се избрани максимални 6 композиции кои ќе земат учество во натпреварот, односно Националниот избор за Песна на Евровизија 2022.

Во борбата за претставување на Македонија на „Евровизија 2022“, влегоа следните претставници и композиции: Калина Велковска – Кaly – „LOVE AND LIGHT“, Јон Ајдини – Yon Idy – „DREAMS”, Лара Иванова – „FLOWER OF SORROW”, Виктор Апостоловски – „SUPERMAN“, Андреа Коевска – Аndrea – „CIRCLES”, Борис Цветановски – Ris Flower – „FLYING TO BERLIN”.

Победникот кој ќе ја претставува Македонија на Евровизија ќе се добие по пат на онлајн гласање, како и според гласањето на меѓународното стручно жири во сооднос 50%:50%. Гласањето трае до петок, 04.02.2022.

Македонската водителка Лила Филиповска на својот „Инстаграм“ објави кој е нејзиниот фаворит за овагодинешното издание на Евровизија. Имено, таа откри дека навива за Лара Иванова.

-Мојот фаворит за претставник за песна на Евровизија…Лара, млада, неверојатна талентирана и одлична песна, напиша Лила и ги повика сите да гласаат.

Инаку, Лара освен англиска, има и македонска верзија за песната насловена како „Цвеќе на тагата“. Таа истакна дека победи на изборот и оди на Евровизија лично има желба да ја пее на македонски јазик.

-„Со македонската оригинална верзија на песната, сакав да покажам дека може да се пее и на повеќе од еден јазик, како и дека и јас умеам да пеам и на двата јазици, но дека сепак мајчиниот јазик ѝ дава душа на нашата музика. Истото за мене претставува посебна инспирација за интерпретација на емоциите во секоја моја песна. Не ми е примарна цел, но би сакала секако да победам на Евровизија, но пред сè најважно ми е да добијам шанса достоинствено да ја претставувам Македонија и македонскиот јазик и музика. Ако публиката ми ја даде поддршката и довербата преку глас на платформата на МТВ, по шест години по настапот на Калиопи, лично имам желба да го продолжам паузираниот тренд и да запеам повторно на македонски јазик пред цел свет и Европа, без разлика дали во склоп на целата песна или во комбинирана верзија. Заедно со тимот ќе го слушнеме гласот на публиката и ќе одлучиме околу финалниот настап, секако доколку бидам избрана,” изјави Лара.


Музиката на „Цвеќе на тагата“ (“Flower of sorrow) е на Роберт Билбилов, а аранжманот е на Дарко Димитров и Роберт Билбилов. Текстот на песната е на Робин Зимбаков.

Гласањето за македонски претставник на Евровизија трае сè до 04.02.2022 година на следниот линк – https://evrovizija.mrt.com.mk/.

Кој ќе биде наш претставник останува да видиме.

фото: принтскрин/инстаграм/_lara.iv_/lilafilipovska

Останати вести од Радио Милева