Радио Милева
моќта пред камерите

Лила ја разреши дилемата за која на многумина им стоеја прашалници: „Како успеваше да биде пред камери кога животот и го задаваше најсилниот удар?“ (фото)

Лила ја разреши дилемата за која на многумина им стоеја прашалници: „Како успеваше да биде пред камери кога животот и го задаваше најсилниот удар?“ (фото)

За нашата позната ТВ водителка Лила Филиповска периодов се пишува наголемо, иако и претходно никогаш не била надвор од рамкте на медиумската актуелност. Таа неодамна „ја отвори душата“ и за првпат отворено и непосредно проговори за нејзината најголема животна битка со опаката болест– канцерот на дојка.

По повеќе од една година исполнета со неизвесност, исчекување, стравови и терапии, омилената ТВ водителка победнички може да каже дека сега е здрава. Во битката со канцерот, победи таа – Лила.

Откако почувствува дека е подготвена и посака со сите јавно да ја сподели својата најголема животна битка, Лила буквално не се штедеше да одговара на прашања од следбениците, особено за оние кои се нашле во истата ситуација и тековно се борат со истото.

Меѓу многуте одговорени прашања на таа тема, беше поставено и прашањето како всушност успеваше да го снима квизот „Се или нешто“ како ништо да не се случува со неа? Одговорот беше едноставен и јасен:

„Во мојата глава ко да не било!!! И тогаш и сега!“- концизна беше Лила која во секоја една емисија таа е на висина на задачата, вистински професионалец на кого ретко кој може да му парира.

Таа своите тешки денови пред камерите ги живееше како ТВ лик од највисок ранг, па и на најлошото му се смееше со широка насмека.

Квизот „Се или нешто“ е нејзината главна арена од каде на сите им се покажа дека дури и кога е најлошо, главните во целата игра сме ние.

Сега како херој со крената глава уште погласно им се смее на новите предизвици со животот. Позитивна како и секогаш, стокмена од глава до петици.

Многу од натпреварувачите кажале дека во квизот покрај за пари, доаѓаат да ја видат непосредно Лила, која сега вака подновена со новиот имиџ им даде причина плус за тоа.
Лила излезе како победник и покажа дека духот и вербата се посилни од се’. Сега тоа останува зад неа, а пред себе има некои поубави времиња.

Останати вести од Радио Милева