Радио Милева
верни на оригиналот

Лиде-Лиде, виде дека работата стои “тенко“, па реши да не биде само Лиде на Венко: Реши поинаку „да вози“, па почна да ги имитира познатите во нивните карактеристични пози? (ФОТО)

Лиде-Лиде, виде дека работата стои “тенко“, па реши да не биде само Лиде на Венко: Реши поинаку „да вози“,  па почна да ги имитира познатите во нивните карактеристични пози? (ФОТО)

Можеби името Лидија Гиновска на пошироката јавност не и значи ништо, но ако кажете Лиде – Лиде како што се претставува на социјалните мрежи преку кои и стана популарна со своите коментари и објави за екс-министерот за здравство Венко Филипче, по што се претвори во Лиде на Венко, на многумина им е јасно за кого се работи.

Таа не испушташе прилика не само да коментира, туку дури и јавно го повика и покани Филипче на кафе,  со желба за лична средба со него. Во меѓувреме, Лиде пропеа, а направи и свој подкаст на Јутјуб, насловен „На кафе со Лиде“, па вети дека во една од првите гостин ќе и биде токму Др. Венко Филипче!

Средбата се случи, ама не во емисија, туку случајно и на недоговорено, па затоа и беше само блиц средба на која кафето со Филипче изостана, а Лиде тоа не ја задоволи, па на министерот му напиша стихови и песна. Можеби пеењето не и е посилна страна и и’ е „малку тенко“, ама затоа надежта која последна умира преточена во ваквата  идеја мислеше дека и е полн погодок, па така Лиде стана – „Лиде на Венко“ и во песна. А, Венко?  Венко стана член на Централниот одбор на СДС. Ништо ниту од „тета – те“ средба меѓу нив двајца, ниту пак се случи „поствакцинална“ хемија!

Но, инфлуенсерската кариера и понатаму мора да се тера, па Лиде, виде – не виде, сврте нова страница.

По се’ изгледа Лиде-Лиде, виде дека работата стои “тенко“, па Лиде реши да го батали Венко… Се откажа од екс-министерот, па Лиде одлучи поинаку „да вози“ и почна да ги имитира познатите во нивните карактеристични пози!

Имено, таа на својот Инстаграм профил тргна да објавува колажи од познати личности кои позираат, па и самата да се фотографира себе си во слични пози и ситуации. Од фографиите се гледа дека не само што одлично се внесува во улогите на познатите фаци од Македонија и регионот, туку на сликите нивната верна копија им додава и свои комични и довитливи коментари и кореографија.

Слободно отворете го нејзиниот Инстаграм и погледнете ја и во вакво издание, за да стекнете ново сознание за Лиде-Лиде, која ветува… дека ќе ја биде!

Лиде – Лиде крај плочките во купатило како Ведрана Ѓорѓевиќ…

…Или утрински поза „бејби – фејс“ како Сара Мејс…

… Или како фитнес инструкторка ала Ана Стојанова…

…А може и како мисица на пица, ала Кристина Димитриевска…

…Секако и како водителката и пилатес инструкторка налик на Снеже Велков…

…Па зошто да не и разголена топлес, како модната креаторка Ивана Кнез…

…или моделот и ТВ водителка Вера Мештеровиќ…

… со прекрстено нозе мини фустанче и чизми над колена како задругарката, инфлуенсерка и екс- „Ред ТВ“ презнтерка на временска прогноза, Елеонора Миљковиќ…

…со мачкта и мобилниот враце божем тие и се „се’, а не само нешто“, како  нашата најпозната водителка Лила Филиповска….

 

…или со пасошот в раце за кидавела, како беровчанката  Јелена Спенџарска, на пат да стане грчка снаа…

… Па потоа со раширени нозе баеги раскомотена, само Лиде седната на клозетска даска, за разлика  од проѕирното пластично столче на фолкерката Татијана Стефановска…

…И уште еден куп домашни и регионални пејачки, водителки, манекенки, старлети… Списокот е долг, не ги собира сите на порталот, а „копиите“ на Лиде, како што се гледа,  се „верни на оригиналот“!

Фото: Инстаграм принтскрин/lide_na_venko

 

Останати вести од Радио Милева