Радио Милева
„ѕверски“ фустани

Креации од високата мода: Кајли како лавица, Наоми волчица… (фото)

Креации од високата мода: Кајли како лавица, Наоми волчица… (фото)

Модната куќа „Скиапарели“ ја претстави својата колекција за висока мода за пролет/лето 2023 година во Париз, а дизајнерот Даниел Розбери дизајнираше три фантастични „ѕверски“ фустани засновани на суштества од пеколот на Данте – леопард, лав и волчица.

Модната куќа „Скиапарели“ дизајнираше три фантастични „ѕверски“ фустани, а меѓу гостите во тоалета со лавовска глава се истакна реалити ѕвездата Кајли Џенер.

Леопардот (Шалом Харлоу), лавот (Ирина Шајк) и волчицата (Наоми Кембел) ги претставуваат страста, гордоста и алчноста во култната трилогија на Данте „Божествената комедија“, а креациите од Модната недела се рачно извајани од вештачки материјали. крзно, пена, смола, волна и свила, како и рачно насликани за да изгледаат што е можно повистинито.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Модната ревија ги привлече вистинските фанови на оваа модна куќа кои своите тоалети ги споија со екстравагантни модели од модните писти, а меѓу нив се истакна реалити ѕвездата Кајли Џенер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Schiaparelli (@schiaparelli)

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева