Радио Милева ослободување

Чуден метод кој и успеа: Наоми Кембел се откажа од цигарите кои не ги вадеше од уста

Чуден метод кој и успеа: Наоми Кембел се откажа од цигарите кои не ги вадеше од уста

Наоми Кембел го сподели својот најдобар совет за откажување од пушење пред две години, а со оглед на тоа дека не ги испуштила од раце цигарите со децении, очигледно нашла ефикасен начин.

Познатата манекенка се откажа од пушењето во 2021 година. Според статистичките податоци, 80 проценти од новогодишните одлуки не успеваат во првите шест недели од годината – додека истражувачите веруваат дека се потребни 66 дена за новата навика да стане автоматска.

Наоми потоа рече дека е решена да не се враќа на старата навика и објасни како се обидува да го одржи ветувањето. Таа за The Sun изјави: „Став дадов на новогодишната ноќ. Секое попладне пливам во океанот час или два или само седам во вода. Тоа ми помага да ги исчистам белите дробови“.

Наоми со години се бореше да се откаже од пушењето, зборувајќи за својата навика во 2014, 2017 и 2020 година.
Ѕвездата наводно пробала хипноза и никотински фластери во минатото за да се обиде да ја исфрли оваа лоша навика, пренесува „mirror.rs“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexander McQueen (@alexandermcqueen)

Иако има 52 години, повремено се уште работи како модел, а пред три дена ја откри соработката со брендот Александар Меквин. Во спотот за најновата кампања таа носи панталони и сако преку голото тело.

фото:Felipe Ramales / Splash / Profimedia BACKGRID / Backgrid USA/Instagram

To top