Радио Милева
свесно во минус

Коски и кожа: Пејачката покажа тело во бикини и порача: „Гледајте како не треба“ (фото)

Коски и кожа: Пејачката покажа тело во бикини и порача: „Гледајте како не треба“ (фото)

Пејачката Катарина Сотировиќ ослабе многу и беше мета на критики дека претерала.

Свесна за својот изглед, но и за борбата со која се справува веќе некое време, реши да ја раскаже својата приказна и да испрати јасна порака до секоја жена која се бори со вишокот килограми.

Имено, како што објаснила на својот Инстаграм, во 2022 година изгледала баш онака како што би сакала да изгледа денес, но Катарина Сотировиќ во меѓувреме ослабела повеќе од 10 килограми и, како што рече, си го загрозила здравјето.

– Ова нека биде пример како да не се прави тоа. Штом забележите дека сте згрешиле во проценката, борете се. Нема втора, трета или 14-та шанса, нема да биде подобро. Слушајте ги пријателите, затоа што тие гледаат правилно, додека ние гледаме што сакаме – напиша таа, а потоа додаде:

-Јади, спиј и не прави муабет со будали, ќе дојде пролет и се ќе биде прекрасно – напиша таа со серија фотографии објаснувајќи ја нејзината состојба.

фото:instagram printscreen/ sotirovicka

Останати вести од Радио Милева