Мегафон
концерти

Концерт на Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски во Македонска филхармонија

Концерт на Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски во Македонска филхармонија

На 16 февруари 2023, со почеток во 19:30 часот голем концерт на нашите вонсериски музичари со долгогодишна кариера на интернационалната сцена, Дуке Бојаџиев (пијано), Кристо Роџевски (вокал) и Исмаил Лумановски (кларинет), кои по девет години пауза, повторно ќе настапат заедно на сцената на Македонската филхармонија. Врвните музички уметници чии имиња се синоним за најраскошните, маестрални концертни доживувања кај нас, во оваа прилика ни носат авторски композиции и преработки на македонска изворна музика, во едно ново уникатно издание, со интимен карактер и модерна аранжманска структура и изведба.

Влезниците ќе бидат достапни во продажба од 24 јануари, среда во 10:00 часот, во сите продажни места на MkTickets  и онлајн на: https://mktickets.mk/event/dki/

Концертот се реализира со спонзорство од Комерцијална банка и медиумска поддршка од Футура 2/2, Антена 5 радио и Македонска Радио Телевизија.