Мегафон

Концертот посветен на Фреди Меркјури одложен за 30. ноември

Концертот посветен на Фреди Меркјури одложен за 30. ноември

„Поради ужасната трагедија која се случи во Република Бугарија и во која животот трагично го загубија наши сонародници и прогласената тридневна жалост во земјава, ве известуваме дека концертот “Freddie Mercury Tribute” кој требаше да се одржи вчера (24.11.2021) во Македонската Филхармонија, е одложен за вторник (30.11.2021) во 20:00 часот” – соопштија од „Баги комуникации“, кои се организатори на настанот.

Билетите ќе важат за концертот. Сите што не се во можност да присуствуваат, можат да ги вратат билетите, со праќање на маил на [email protected] или на [email protected].

Баги Комуникации упатува искрено сочувство до семејствата на настраданите во големата трагедија.

Ексклузивно на настанот гостите ќе можат први да набават примерок од нашата нова книга „Нераскажаната приказна  за Квин – Дали е ова вистинскиот живот?“ од Марк Блејк.

По настанот, книгата ќе биде достапна и во нашата книжарница – порачува организаторот.