Радио Милева
ваштачка или лажна?

Компјутерско чудо или маркетиншки трик: Во Србија „се роди“ Клеопатра – првата фолк пејачка создадена од вештачка интелигенција? (ВИДЕО)

Компјутерско чудо или маркетиншки трик: Во Србија „се роди“ Клеопатра – првата фолк пејачка создадена од вештачка интелигенција? (ВИДЕО)

Живееме во ера во која се помалку се дружиме меѓусебе и поминуваме се’ повеќе време на социјалните мрежи.Време во кое  читаме и учиме се помалку и помалку, бидејќи сме навикнати да имаме се на Google.Па, токму поради оваа причина, компјутерите стануваат попаметни од нас, а наскоро вештачката интелигенција, која се шири и зајакнува со брзина на светлината, ќе се кандидира за претседател и тоа во блиска иднина.

Колку таа до денес напредувала покажува и фактот што ја добивме првата пејачка на Балканот која е создадена со помош на вештачка интелигенција и тоа во Србија. Млада дама е пресликана од најдобрите фотомодели, може да се пофали со одличен изглед, прекрасна насмевка, убаво лице и добар глас, што не е пресудно за денешните пејачки, но секогаш е плус ако таа го поседува и тој талент.

Нејзините творци оваа „вештачака фолк дама“ ја нарекоа Клеопатра, а нејзината нова песна носи симболичен наслов „Прости ми татко, прости ми мајко“.Песната инаку е многу  емотивна, што би рекле: „Што друго да очекувате од вештачката интелигенција“, а квалитетот на песната исто така не е ставен на тест, бидејќи е доволно пристојно направена.

Но дали е сето ова вистина или само добар маркетиншки трик и добро осмислена кампања, останува да видиме наскоро.

Сепак, како изгледа и звучи наводно првата „вештачка фолк дама на Балканот“, погледнете во видеото:

Останати вести од Радио Милева