Радио Милева
и се може

Комоција и сигурност на прво место: Гавазова се вози во машина од над 100 илјади евра (фото)

Комоција и сигурност на прво место: Гавазова се вози во машина од над 100 илјади евра (фото)

На Сузана Гавазова и сопругот Јасмин, добро им оди во животот.

Нејзината кариера цвета како најбарана фолк пејачка, а успешен е и тој со бизнисот во градешништвото и винаријата која ја имаат во тиквешијата.

Оттука, нема зошто да не би можеле да си обезбедат луксузни возила и возен парк кој ќе им биде на располагање според потребите.

Ако најчесто знаеме да видиме како српската естрада се фали со своите бесни машини од над десетици илјади евра, зошто да не може и нашата Сузе.

Таа на своите Инстаграм приказни неодамна се пофали со еден од своите ѕверови на четири тркала, односно модел од германскиот производител на луксузни возила, Ауди А6 allroad Quattro arrives.

Познавачите на автомобилската индустрија добро знаат дека овој релативно нов модел, на пазарот чини околу 100 илјади евра. Комфорот и сигурната во случајот Сузе и сопругот ги ставиле на прво место, па кога се во прашање овие перформанси на возилото, тие не се штедат да искешираат дебело.

Од приложеното на фотографија пејачката целеше на крзнениот миленик од внатрешноста на првото седиште, но на следбениците веројатно повеќе им „падна во око“ миленикот на четири тркала.

Сузе не ретко знае да седне зад воланот, но таа улога најчесто му припаѓа на Јасмин, а таа е ѕвездата која секогаш е во сигурни раце и секако на сигурно седише од совозачката страна.

фото:instagram printscreen/ suzanagavazova

Останати вести од Радио Милева