Радио Милева
Со „Ламбада“ против „Ламбда“...

Кога фолкерката Ирена Вељовска разбра дека Ламбда сојот доаѓа во Македонија: „Ламб(а)да? Сега ќе ви покажам што е Ламбада“ (ВИДЕО)

Кога фолкерката Ирена Вељовска разбра дека Ламбда сојот доаѓа во Македонија: „Ламб(а)да? Сега ќе ви покажам што е Ламбада“ (ВИДЕО)

Покрај сите можни веќе постоечки мутации, коронавирусот продолжува да се трансформира во нови соеви. Најновиот, според редоследот на грчката азбука (Алфа, Вита, Гама, Делта…) го доби името „Ламбда“ сој!  Никој не е среќен поради тоа, осбено што најавите на лекарите се дека најновиот мутиран „Ламбда“ сој на Ковид -19 наскоро може да дојде и во Македонија. А како што до сега се случуваше, секоја негова нова мутација за жал, е се’ позаразна и посмртоносна.

Но, како што секое зло какво и да е мора еднаш да помине, оптимизмот не ги напушта луѓето, колку прогнозите и предвидувањата и да не се оптимистички. Сите нас, обичнителуѓе, па и јавните и познати личности, меѓу кои и естрадните.

Токму македонската фолкерка Ирена Вељовска, инаку позната по својот смисол за хумор, опуштено однесување и специфичен начин на забава, реши и овој пат да се пошегува на сметка на на она што допрва не очекува.

Така, „Ламбда“ сојот, стана „Ламбада“, како истоимената своевремено мегапопуларна песна и специфичниот танц кој стана познат насекаде нво светот.

А кога се затрактивната фолкерка, музиката и танцот во прашање, Ирена уште еднаш ги покажа сите свои кавалитети. И оние – телесните, и оние – танчарските, како и смисолот за хумор, па на својот Тик-Ток профил облече кусо мини фустанче, запеа, заигра и сето тоа го сними во вид на видеоклипче, кое потоа го сподели.

Погледнете како меша Ирена, додека танцува на звуците на познатата „Ламбада“.  „Ламбда“-та  да се надеваме, дека овој пат, сепак ќе не заобиколи!

Останати вести од Радио Милева