Радио Милева
Само да е весело

Сузана Гавазова знаеме како танцува, ама овој пат ни мајка Руса не остана покуса: Ориенталниот роденденски танц на мајката на ѕвездата (ВИДЕО) 

Сузана Гавазова знаеме како танцува, ама овој пат ни мајка Руса не остана покуса: Ориенталниот роденденски танц на мајката на ѕвездата  (ВИДЕО) 

Фолк пејачката Сузана Гавазова редовно ги полни кратките приказни на социјалната мрежа „Инстаграм“ со нејзини провокативни фотографии и видеа од настапите или од приватните моменти, а овој пат во фокус беше нејзината мајка Руса.

Гавазова ја снимила веселата атмосфера по повод роденденот на мајка и каде се гледа дека расположението било на високо ниво.

Таа секоја година јавно и го честита роденденот, а овој пат ги изненади следбениците откако го сподели танцот на мама Руса покрај „шеикот“.

„Среќен роденден, мамичке“, и честиташе фолкерката на мајка и која со младешка енергија  внесена во танцувањето, го покажа расположението пред  гостите, а Гавазова тоа го сподели со следбениците на социјалните мрежи.

На забавата сите се облечени во арапска облека, а слушаат и танцуваат на ориентална музика.

Гавазова потоа покажа како мајка и ја држи во раце роденднската торта на која беше ставена бројката 71 во вид на свеќичка, која таа со задоволство ја дувна и веројатно веднаш си посакала желба. И таа себе си и тие неа.

– Да си ми жива и здрава мајко моја, те сакам најмногу!  – се надополни Гавзова во следната објава.

А дека сите ја испочитувале тематската вечер во духот на Ориентот, доказ беше и малото маче на кое исто така му ставиле турбан на главата, а потоа и тоа  позирало пред камерата чисто онака, заради забава.

Честитки и… нека се множат годините, а роденденските забави нека траат што подолго. Ма, само да е весело!

Фото: printskrin/instagram/suzanagavazova

Останати вести од Радио Милева