Радио Милева
убавата страна на животот

Ќерката на Мелита славеше полуматура, а татко и имаше причина за двојна радост! (ФОТО)

Ќерката на Мелита славеше полуматура, а татко и имаше причина за двојна радост! (ФОТО)

За некогашната ТВ водителка и македонска трендсетерка Мелита Драгошановиќ речиси се’ е познато. Дури и повеќе од што треба. Последниве години јавноста преку медиумите често се занимаваше со нејзината приватност, а во својот последен јавен настап во естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ таа одблизу ја претстави и својата 14 годишна ќерка Барбара, од сега веќе поранешниот брак со познатиот скопски угоститетел Владимир „Соме“ Ракичевиќ.

Убава на мама, талентирана за пеење, ама и за училиште, Барбара го заврши основното образование и деновиве стана полуматурантка.

Таа среќна, уште посреќни нејзините родители, кои иако разведени, останале во пријателски односи.

Особено среќен татко и на малата убавица, кој својата радост не можеше да ја сокрие па јавно ја сподели и на социјалните мрежи.

„Честито полуматура љубов моја. Уште безброј пати да се радувам и гордеам на твоите успеси. Те сака тати“ – напишал гордиот татко на својот фејсбук профил во матурската честитка на својата ќерка-единица од вториот брак.

Ниту мама Мелита не можеше да не ги сподели емоциите, ама и зачуденоста дека времето лета, а нејзиното девојченце „преку ноќ“ станало вистинска девојка.

Дотерана во комбинезон во небесно сина нијанса, со впечатливи карнери и разголени раменици, со шминка и фризура стилизирани од најдобриот македонски стилист Александар Билјановски – Дадар, кој покажа како треба да биде нашминкана една полуматурантка: дискретно, а сепак божествено!

„Како брзо растат!? Среќна полуматура ангелу Барби“ – пишува мама Мелита во констатацијата под фотогарфиите од разни фази на детството на нејзината Барбара, вклучувајќи ги и полуматурските.

Кога сме веќе кај радоста, таткото на Барбара имаше двојна причина да биде среќен. Зашто покрај нејзината полуматурска вечер, некаде  отприлика во истиот период, неговиот син од првиот брак Томислав се регистрираше, официјално стапувајќи во брак со својата избраничка Марија.

„Епа синко, редно беше. Со Марија да сте среќни, да се сакате и почитувате“ – му поска се’ најдобро во животот на својот машки наследник „Соме“.

Како и да е, со среќа нека им е… И на матурантката и на младоженците и на нивните родители!

Останати вести од Радио Милева