Радио Милева
бурни реакции

Ким Кардашијан доби улога во најпопуларната хорор серија, па фановите започнаа со бојкот: „Не гледаме“

Ким Кардашијан доби улога во најпопуларната хорор серија, па фановите започнаа со бојкот: „Не гледаме“

Како резултат на веста дека Ким Кардашијан ќе биде дел од 12-та сезона на серијата „Американска хорор приказна“, следеа бурни реакции од фановите на серијата, а многумина најавија и бојкот.

Вчера на социјалните мрежи беше откриено дека Ема Робертс повторно ќе се приклучи на серијата, но и дека во новата сезона ќе се појави и ријалити ѕвездата Ким Кардашијан.

Ова не е првпат Кардашијан да се проба во актерството, а досега има неколку настапи во филмови како „Disaster Movie“ и „Ocean’s 8“.

И покрај ова, фановите на серијата не беа воодушевени од веста. Во бројните коментари тие истакнаа дека Ким била „последната капка“ и дека не планираат да го гледаат продолжението.

“Во главната улога е Ким Кардашијан? Што прочитав? Тоа е најстрашниот дел од франшизата “American Horror Story”, “Навистина? Ким? Изгледа дека нема да гледам”, ” Ова ќе биде сезоната што ја прескокнувам “, беа само неколку од коментарите.

Фото: Принтскрин/Профимедиа

Останати вести од Радио Милева