Радио Милева
детска искреност

Ќерката на Ким Кардашијан ги откри најдлабоките тајни на својата мајка (фото)

Ќерката на Ким Кардашијан ги откри најдлабоките тајни на својата мајка (фото)
фото:ким кардашијан/инстаграм

Ријалити ѕвездата и претприемач Ким Кардашијан насмеа многу корисници на социјалните мрежи со објава на Инстаграм.

Познатата американска старлета Ким Кардашијан е мајка на четири деца кои ги доби во бракот со раперот Канје Вест.

Сега, за Денот на мајката, таа објави фотографија од писмото на нејзината помала ќерка Чикаго, што насмеа многу корисници на социјалните мрежи.

– Мајка ми има 22 години – пишува на почетокот на писмото, иако Ким има 42 години, но тоа не е она што најмногу ги забавувало луѓето на Инстаграм.

На прашањето што најдобро готви мама, одговорот гласи:

– Мама не готви. Таа има готвач – напишала Чикаго, ќерката на Кардашијан, која накратко искоментирала со: „О Боже“.

– Нејзиното омилено јадење е салата. Кога одмара, најмногу сака да спие во својот кревет. Сакаме да си играме со неа. Таа е многу добра во теретана. Мајка ми е посебна затоа што ме сака – пишува во остатокот од писмото.

Таа потоа за да се оправда објави стории на Инстаграм каде подготвува ручек.

– Чи згреши, јас готвам – напишала Ким која сето ова многу ја насмеа.

фото:Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева