Радио Милева
во елегантен и достоинствен стил

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам го добија првиот заеднички портрет (Фото+ Видео)

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам го добија првиот заеднички портрет (Фото+ Видео)

Сликата е дело на наградуваниот мајстор за портрети Џејми Корет, а е нарачана во 2021 година од страна на Кралскиот фонд за портрети во Кембриџ. На портретот се гледаат Кејт и Вилијам како стојат еден до друг и гледаат надесно, со опуштени изрази на лицето. Принцот Вилијам носи црн костум со лесна кошула и тиркизна вратоврска, додека Кејт носи смарагден фустан, со пар бисерни обетки.

Кралската двојка се сретнала со Корет во четвртокот за да го открие портретот.

– Тоа е прилично голем портрет, и изгледа неверојатно! изјавил принцот Вилијам.

И војводата и војвотката студирале историја на уметност на Универзитетот во Сент Ендрјус, иако Вилијам подоцна се префрлил на географија.

Корет работеше на инкорпорирање на мотивот на Кембриџ во портретот со сликање на позадината со тонови и бои на многу историски градби кои се синоним за него. Тој рекол дека работата на портретот била „најнеобичната привилегија во животот и фактот што бил избран да го  наслика“.

– Сакав да го покажам нивното кралско височество на начин на кој тие се однесуваат опуштено и пристапно, како и елегантно и достоинствено. Бидејќи ова е првиот портрет што ги прикажува заедно, особено во време кога тие се војводата и војвотката од Кембриџ, сакав сликата да предизвика чувство на рамнотежа меѓу нивниот јавен и приватен живот – изјави уметникот.

Граѓаните ќе можат да го видат портретот во музејот „Фицвилијам“ во период од три години, по што уметничките дела ќе бидат изложени во други  простори и галерии низ Кембриџ. Сликата ќе биде позајмена и на Националната галерија на портрети  во 2023 година за да го одбележи повторното отворање на галеријата.

Фото:Принтскрин/Танјуг/Јутјуб

Останати вести од Радио Милева