Радио Милева
алфа жен(к)а

Карлеуша повеќе не изгледа исто: Пејачката речиси го смени личниот опис?! (ФОТО)

Карлеуша повеќе не изгледа исто: Пејачката речиси го смени личниот опис?! (ФОТО)

Јелена Карлеуша летово напорно работеше на проектот што го подготвува, но и на линијата и изгледот.

Имено, нејзиниот албум штотуку треба да излезе, а пејачката реши да поправи уште неколку детали на себе, па во оваа прилика ги изненади сите кога објави фотографија на која се гледа дека ги обоила веѓите во  руса боја. Покрај тоа очигледно дека правела некакви ситни естетски зафати на лицето и носот, со што пејачката речиси го смени личниот опис?!

Таа носеше црна и проѕирна комбинација која ги истакна нејзините колкови и фигура, а косата ја врза во пунџа која дополнително ги истакна нејзините поостри црти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Да потсетиме, пејачката пред неколку дена го прекина настапот во Будва за да го потврди излегувањето на долгоочекуваниот албум „Алфа“ за две недели.

Фото: Инстаграм/karleusastar

Останати вести од Радио Милева