Радио Милева
секси перформанс

Карлеуша на „жежок настап“ во еден клуб во Германија: Русокосата „полугола“ ја „збудале“ публиката (ФОТО)

Карлеуша на „жежок настап“ во еден клуб во Германија: Русокосата „полугола“ ја „збудале“ публиката (ФОТО)

Јелена Карлеуша викендов имаше нов настап на кој одново шокираше со својот екстравагантен аутфит и провокативен изглед.

Русокосата настапи оскудно облечена, или што би рекле, речиси гола, кокетираше со публиката од сцената и буквално ги збесна присутните во познатиот германски клуб каде пееше таа вечер.

Следниот ден  белградската „мала од скандал“ сподели фотографии од  настапот на кои јасно се гледа дека фановите буквално се грабаат по неа, додека таа во своето секси издание им пее во непосредна близина палејќи ги со својата голотија и провокативните еротски движења.

 

Карлеуша речиси топлес, односно со само два платенени кругови преку гиганстките силиконски гради, додека долу на себе носи само гаќички и хулахопки.

Машките, особено оние од првите редови буквално полудеа по неа, кој прв ќе ја допре, ќе и подаде рака, ќе направи селфи со расната поп-фолк дива.

Но, дека не само машките туку и некои од дамите не ги тргаа очите од пејачката говори и споделената фотографија на која една девојка буквално со очи ја пие  или поточно со поглед ја соблекува Карлеуша.

Пејачката тоа го забележала, па ја овековечила на фотографија.

Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar

 

Останати вести од Радио Милева