Радио Милева
парче живот

Калиопи стана „Накси ѕвезда“ и се заблагодари на наградата што ја освои: „Во театарот Теразие се спушти ѕвезденото небо и блескаше“ (видео)

Калиопи стана „Накси ѕвезда“ и се заблагодари на наградата што ја освои:  „Во театарот Теразие се спушти ѕвезденото небо и блескаше“ (видео)

Македонската поп дива Калиопи Букле беше дел од музичките ѕвезди кои ги собраа наградите од гласањето за „Накси ѕвезда“ на „Накси радио“.

Заврши гласањето за „Накси звездите“, а свеченото прогласување на победниците беше објавено на 8 јуни во театарот Теразие.

Гласањето за годинешната „Naxi“ ѕвезда започна уште на  15 мај, во понеделник од 10 часот и траеше до 8 јуни, а публиката преку специјално креираната платформа можеше да гласа за своите омилени автори и изведувачи.

Оваа година слушателите можеа да гласаат за своите фаворити во шест категории: Песна на годината, Пејачка на годината, Пејач на годината, Албум на годината, Музичка соработка на годината и Концерт на годината.

Покрај категориите во кои победниците ги избираа исклучиво слушателите на „Naxi Radio“, по избор на редакцијата на радиото беа доделени  награди и во следните категории: „Naxi Star“ за сите времиња, „Naxi Star“за Извонреден придонес во музиката, „Naxi Star“ за продуцент , „Naxi Star“ за најдобро стилизирана музичка ѕвезда и  „Naxi Star“ за проект на годината која и припадна на македонската поп ѕвезда Калиопи за дует песната „Знам“ заедно со нејзиниот драг колега и пријател Жељко Самарџиќ.

На социјалните мрежи Калиопи објави дел од свеченото деделување на наградата и покажа колку е воодушевена и благодарна:

– Награда за музички проект на годината … Благодарам „Naxi“ радио! Вчера во театарот Теразие се спушти ѕвезденото небо и блескаше …

Благодарам за вечноста…

Ваши Калиопи и Желко – напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Неколку часа пред да ја добие наградата, Калиопи напиша емотивна порака заедно со видеото од подготовките на „Знам“ и упати благодарност до сите кои беа дел од создавањето на песната.

– Некои моменти значат вечност, а некои песни траат и по таа вечност… такво беше и создавањето на „Знам “… Благодарност до сите оние кои беа дел од ова парче живот кое трае и ќе трае…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Честитки!

 

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Накси Медиа

Останати вести од Радио Милева