Радио Милева
најважна работа

Калиопи искрено проговори за родителството: „Не постојат совршени родители, туку постои само една совршена работа, а тоа е љубовта“ (фото) 

Калиопи искрено проговори за родителството: „Не постојат совршени родители, туку постои само една совршена работа, а тоа е љубовта“  (фото) 

Македонската поп  – ѕвезда Калиопи Букле на снимање на една емисија во Белград, во интервју за српските медиуми  откри како ја доживуваат и како реагираат белграѓани кога ќе ја сретнат на улица:

„Природно, многу спонтано. Луѓето ми се обраќаат како на своја. Како да се познаваме и да сме стари познаници и тоа е она што најмногу ме импресионира“.

Таа надополнила дека кога е во Белград нејзината дружба со Жељко Самарџиќ е неминовна:

„Пред се, тој ми е пријател и се познававме уште пред да го снимаме дуетот. Поминуваме заедничко време секогаш кога е тоа  можно. Некако сме поврзани како семејство, јас со Самарџиќ, а тој со мене.

Но, она што остави најголем впечаток е дека таа за нејзиниот син Пако потврдува дека е нејзиниот најголем критичар:

„Пако е еден од главните критичари, некој кој е многу важен за мене и за неговиот татко во таа улога, затоа што иако одлучи да не се занимава со музика, многу добро умее да ја слушне“.

А како како најважна работа во родителството Калиопи го издвои следново:

„Не постојат совршени родители, туку постои само една совршена работа, а тоа е љубовта. Љубовта што се обидуваме да им ја дадеме на нашите деца и да ги научиме да ги сакаат луѓето“.

Нејзиниот син живее заедно со татко му Ромео Грил во Швајцарија и ако еднаш таа изјави дека  не сака да го коментираат во изјавите, овој пат таа направи исклучок.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Курир ТВ/Инстаграм

 

Останати вести од Радио Милева