Мегафон

Какво ќе биде времето во првиот ден од годината?

Какво ќе биде времето во првиот ден од годината?

Во првиот ден од новата година во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.

По котлините со појава на магла, која во текот на денот ќе се намалува. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми, а по котлините ќе биде магливо.

Утринските температури се во интервалот од минус 3 до 3, додека максималните дневни соодветно ќе се движат од 6 до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска претпладне ќе има појава на магла, која околу пладне ќе се намали. Темепратурата ќе достигне 8 степени. Во текот на ноќта ќе има значителна ниска облачност и појава на магла.

Извор: Нетпрес