Радио Милева
пороците на убавината...

Кај Лазаров нов скандал: Убавиците во „вербална војна“ – Кристина Димитри жестоко ја прозва Бојана Нушкова, манекенката јавно и возврати (ФОТО)

Кај Лазаров нов скандал: Убавиците во „вербална војна“ – Кристина Димитри жестоко ја прозва Бојана Нушкова, манекенката јавно и возврати (ФОТО)

Во подкастот „Без лимит“ на Стефан Лазаров и Зоки Фаци одново се изроди нов скандал. Или поточно, „вербална војна“ на две македонски убавици и модели…

Имено, по гостувањето на Кристина Димитриевска во споменатото интернет шоу, каде мисицата, модел и пејачка ја спомна по многу нешта освен по име македонската манекенка и модел Бојана Нушкова, наведувајќи одредени „сочни детали“ за нејзиното наводно, „подобро минато“ во занаетот со кој се занимава, на што со поедини ситници, прашања и констатации се надоврзаа и Лазаров и Фаци, дојде до отворена „вебална војна“ помеѓу двете убавици.

Нушкова иако по име и презиме не беше спомената, очигледно се препознала во приказната, па решила јавно да и возврати на својат соперничка. И тоа со иста мерка, па дури и многу пожестоко, јавно на своите Инстагранм приказни. И тоа као што самата вели, за да не излезе дека сето тоа што го кажале за неа во емисијата е точно, доколку премолчи и не реагира!

Бојана негирајќи ги сите кажани наводи, жестоко ја прозва Кристина дека токму таа е она, за што неа се обидела да претстави и дека до титулата Мис на изборите не се доаѓа туку така, само, со појава и убавина, туку мора нешто да дадеш за возврат… „Знаете веќе што“ – како што потенцира самата, оспорувајќи ги и моралните вредности, но и вкусот на пејачката, за која како што во еден дел од својот монолог вели, не доликувало од една страна да изигрува загрижена мајка, а од друга страна да пее за ситниш по кафулиња облечена како медицинска сестра со разголени гради и задница, тврекајќи и нишајќи колкови, спуштајќи се до подот на сцената.

При тоа муабетот го илустрирала со видеоснимки од настапите на Кристина. Инстаграм монологот на Бојана трае поприлично, во кој  таа раскажува уште еден куп работи во своја одбрана и уште дузина „епитети“ на сметка на Кристина Димитри.

Мисицата, модел и пејачка пак, откако го видела јавното обраќање на „нејзина сметка“ на манекенката , побрзала ургентно да го возврати ударот…

По брза постака, со истата метода, на познатата адреса… Инстаграм приказните. Но, овој пат  дополнително со нови „аргументи“. Од тоа како дотичната го бркала нејзиниот бивш (Кајмаковски) по Белград, до снимањето спотови за 20 евра по Косово, па се’ до сомнителната заработка по Турција…

И сето тоа дополнето со „предупредување“ што може да ја снајде Нушкова, ако продолжи со приказните за Кристина, зашто следното нејзино обраќање до Бојана ќе било преку друг, а патем  експлицитните докази за неа наводно ги има „в џеп“… Или во мобилниот, сеедно! Со поента дека: „Приказните започнуваат и завршуваат кога ќе реши таа… Крај“!

Но, тука не е крајот, зашто на „пријателските предупредувања“ на како што самата вели, добро воспитаната Кристина, Нушкова  возврати: „Немој да премолчиш… Те молам… Објави… Стори го тоа“!

И засега толку од сканалот што започна во шоуто на Лазаров. Останува да почекаме за да видиме дали „војната на ѕвездите“ ќе има и „трето полувреме“, а „бомбардирањата со сочни епитети“ помеѓу двете убавици – Кристина Димитри и Бојана Нушкова тука и ќе заврши? Или „пороците на убавината“ се… „Без лимит“?

Фото: Инстаграм принтскрин/boyananushkova/kristina.dimitry

Останати вести од Радио Милева