Радио Милева
„ролекс“ мама...

Јована Јеремиќ пропеа: Водителката на утринската на „Пинк“ стана и пејачка, а снима и видеоспот (ФОТО)

Јована Јеремиќ пропеа: Водителката на утринската на „Пинк“ стана и пејачка, а снима и видеоспот (ФОТО)

Водителката на „Ново утро“ – утринската програма на ТВ Пинк, Јована Јеремиќ, најави дека денеска ќе снима спот за првата своја песна наречена „Ролекс“, па  откри и дел од текстот.

Песната Јеремиќ ја добила на подарок од човекот на кој му помогнала, како и часовник од истиот бренд. Таа во јуни ќе го објави својот прв музички сингл, а песната ќе се вика „Ролекс“.

Како што пишуваат белградските медиуми, Јована пред неколку години му помогнала на влијателен човек од шоу-бизнисот, а таа целосно заборавила на тоа. Деновиве таа зборуваше за музичка кариера и најавуваше дека може да сними песна, а овој човек ја контактирал и испратил наводно голем хит. Ова е личност која соработува со водечките имиња на трап сцената.

Сега таа на својот Инстаграм профил откри дел од песната.

Таа е Гучи мама, сите пари ги заработува сама“ – гласеше текстот на нејзиниот прв хит во најава.

Фото: Инстаграм принтскрин/jeremicjovana

Останати вести од Радио Милева