Радио Милева
први фотографии

Ја потврдија врската: Канје Вест и Ирина Шајк уловени заедно на романтична прошетка (фото)

Ја потврдија врската: Канје Вест и Ирина Шајк уловени заедно на романтична прошетка (фото)
фото: епа/ефе/мишел рејнолдс

По шест години брак со Ким Кардашијан, со која има четири деца, раперот и дизајнерот Канје Вест повторно е заљубен.

Имено, веќе со недели се шупекулира дека Канје е во врска со екс партнерката на Бредли Купер, Ирина Шајк.

Меѓутоа, сега нивната врска е потврдена со една папарацо фотографија. Имено, 44 годишниот рапер, Канје е фотографиран на романтична прошетка со Ирина со која моментално ужива во Прованса.

Парот е семестен во хотелот „Villa la Costa“ каде што една вечер чини 1100долари.

Уште претходниот месец започнаа шпекулациите дека постои нешто меѓу нив, но дури сега е потврдена нивната врска.

Инаку, Франција отсекогаш била омилена дестинација на Канје Вест кој таму често одмараше со неговата уште малку поранешна сопруга Ким Кардашијан. Нивното прво излегување се случи токму таму во 2012 година кога таа беше снимена на неговата ревија во склоп на париската „Недела на мода“.

Останати вести од Радио Милева