Радио Милева
и роденден и именден

Ја покажа празничната трпеза: Дупла прослава во домот на Симона Поповска (фото)

Ја покажа празничната трпеза: Дупла прослава во домот на Симона Поповска (фото)

Дупла прослава во домот на Симона Поповска: Пејачката ја покажа празничната трпеза (фото)

Празниците се можеби најубав дел од годината кога се собира семејството, пријателите, роднините… Декември и јануари се месеци со новогодишни и Божиќни празници, па често се вели – каде и да си за Божиќ дома да си.

Вчера (19.12.2021) се празнуваше празникот Свети Никола. Така, многумина славеа славеа на овој ден, а некои славеа и именден.

Македонската пејачка и докторка, Симона Поповска на Свети Никола имаше дупли повод за славење.

Имено, пејачката славеше именден на нејзиниот неколкумесечен син Никола и роденден на нејзиниот сопруг Крис.

Пејачката во кусите приказни на „Инстаграм“ се пофали со празничната трпеза во нејзиниот дом.  Вино, салати, риби, декорирани чинии беа дел од празничната маса на Поповска.

Симона се пофали и со роденската торта на која пишуваше Среќен роденден тато и Среќен именден Никола.

За потсетување, Симона се породи кон крајот на месец јуни. Таа и нејзиниот сопруг Крис добија син.

Потсетуваме, во 2016 година Симона Поповска доби свршенички прстен на патување во Италија од својот сакан Крис Поповски. Следната година во месец август се случи и свршувачката која младите ја прославија во кругот на најблиските на брегот на Охридското езеро, а една година подоцна ја направија и свадбата.

фото: принтскрин/инстаграм/симона поповска

Останати вести од Радио Милева