Радио Милева

Ја дочека најголемата среќа: Сузана Спасовска ја мажи ќерката! (фото)

Ја дочека најголемата среќа: Сузана Спасовска ја мажи ќерката! (фото)
фото:фејсбук/сузана спасовска/јован јон

Секој родител посакува да го дочека денот кога своето чедо ќе го омажи или ожени, а тоа време дојде и за фолк-пејачката Сузана Спасовска.

Таа на својот профил на Фејсбук на своите пријатели и следбеници им откри дека нејзината Теона решила да заплови во брачните води, па им посака на сите родители да си ја дочекаат истата среќа.

Е, да! Полека,полека си се спремаме за свадба.Има уште време.Верувам дека на сите родители еден од поголемите проекти во животот им е да си ги омажат и оженат своите чеда. Им честитам на сите со најновата песна што ја отпеав на Лешочкиот Фолк Фест 2019г.„Среќно мајкина“, пишува Сузе.

фото:фејсбук

Токму мажачката на Теона ја инспирираше Спасоваска на неодамна одржаниот „Лешочки фолк фест 2019“ да ја отпее песната со наслов „Среќно мајкина“, а наедно да се зафати и со организацијата како директор на фестивалот.

фото:фејсбук

Како што појасни, до свадбата на Теона и Виктор има време, а дотогаш им преостануваат уште многу возбудливи моменти и обврски околку големиот ден кои ќе им ги полнат срцата со среќа, задоволство и секако гордост за мама Сузе.

Останати вести од Радио Милева