Мегафон

Изложба на македонски музички плакати во Галерија МКЦ

Изложба на македонски музички плакати во Галерија МКЦ

Во рамки на четвртото издание на „Скопски Градски Фестивал„ Баги Комуникации организира изложба на македонски музички плакати.

Изложбата ќе биде отворена на 26 мај, во Галерија МКЦ, со почеток во 20 часот и граѓаните ќе можат да ја погледнат до 5 јуни.

„На изложбата ќе бидат претставени 40 плакати на македонски музичари и групи од изминатите три децении и истата е своевиден пресек и документ на македонскиот музичкиот дизајн, велат организаторите.

Инаку „Скопски Градски Фестивал„ за своите 4 години постоење сериозно го зазема своето место на мапата на културни настани кои вреди да бидат посетени. Фокусирајќи се на концерти од различни жанрови како џез, рок, етно, фјужн, фестивалот нуди богата и квалитетна програма за вистинските музички познавачи и љубители. Веќе за следната година, кога се најавува јубилејното 5 издание на Фестивалот од Баги Комуникации најавуваат збогатување на програмата и со други културни форми и содржини.

Влезот на изложбата на македонски музички плакати во МКЦ е бесплатен за сите посетители.„Скопски Градски Фестивал„ е поддржан од Министерство за култура и Комерцијална Банка.