Мегафон
фестивали

Избрани композициите за „Макфест 2018“

Избрани композициите за „Макфест 2018“

Избрани се композициите за фестивалот на забавна музика „Макфест“. Кирил Панајотов советник за јавни дејности во Општина Штип информира дека оваа година, наместо 30  ќе бидат изведени 32 композиции.

Годинава има 32 композиции кои ќе се натпреваруват во две полуфинални вечери. Веќе се завршени и сите технички подготовки околу фесивалотТелеволтинг повеќе нема да има, ќе гласа публиката, зашто таа секогаш знаела добро да избере. Практично ќе биде троделно гласање, но техниката ќе се соопшти дополнително, вели Панајотов.

Тој истакна дека се уште не се дефинирани учесниците во шоу програмите, но се највува музички перформанс за неодамна почината музичка ѕвезда, а своевремено учесник на Макфест.

Од оваа година фестивалот на забавна музика „Макфест“ ќе се одржи во почетокот на месец октомври, со што го враќа стариот тајминг.