Мегафон

Иван Кукиќ со солистички концерт во Струмица

Иван Кукиќ со солистички концерт во Струмица

Младиот кантавтор, мултиинструменталист и стален член на Влатко Стефановски Трио, Иван Кукиќ го најавува својот солистички концерт во родната Струмица.

Заедно со Иван и неговиот бенд YU for You ќе настапи и гудачкиот квартет Стефан Илиќ, а по повод 50-годишнината од објавувањето на големиот хит „Македонија“, на сцената на Иван ќе му се придружи и специјален гостин, легендарниот Дадо Топиќ.

Иван студира музичка продукција и дизајн на звук и свири на дури 6 инструменти: гитара, тапани, пијано, контрабас и народни инструменти. Покрај тоа, тој, исто така, компонира, аранжира и пее, што го прави одреден вид совршен музичар. Не е чудно што неговиот талент високо го цени легендарниот Влатко Стефановски.

Концертот ќе се одржи во среда, 29 ноември, во Центар за култура „Антон Панов“.