Радио Милева
вистината на дело

Ирена Спировска ја покажа реалната слика: Водителката појасни за да бидеме на чисто, дека она што се објавува на „Инстаграм“ во реалноста не е баш исто (фото)

Ирена Спировска ја покажа реалната слика: Водителката појасни за да бидеме на чисто, дека она што се објавува на „Инстаграм“ во реалноста не е баш исто (фото)

За водителката Ирена Спировска е познато дека го обожава здравиот начин на живот.

За неа планинарењето е опсесија, па затоа редовно е вклучена во мноштво експедиции, а сето тоа го покажува преку фотографиите кои ги споделува на социјалните мрежи на кои е активна.

Ирена секој слободен миг го користи за некоја нова авантура, истражувајќи ја природата и споделувајќи со своите следбеници идилични фотографи додека позира или наздравува со чаша топло кафе негде на свеж планински воздух.

Но, не е се така како што изгледа и вистината е сосема поинаква, па таа сега таа реши да и ја открие на јавноста.

Така,  откако на нејзиното кратко „стори“ на Инстаграм покажа како ужива во наздравувањето и убавиот поглед ја покажа и незгодата што настанала пред да го сподели со сите нејзиниот рај.

Набрзо потоа следуваше и искрената фотографија на која Ирена  и не толку идилично ја полни чашата со кафе.

Затоа едноставно на сите им призна: Инстаграм наспроти реалноста – а сето тоа надополнувајќи го со емотикон кој плаче од смеење.

Па, за разлика од многумина кои се трудат тоа да го сокријат, Ирена беше искрена и покажа на какви маки се оние кои уживаат да го споделат секој момент од нивното секојдевие, а сепак да изгледа идилично и убаво.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ирена Спировска

 

Останати вести од Радио Милева