Мегафон
промоција

Игор Џамбазов и Гуру Харе ве канат на промоција на „Првите триесет“ (ВИДЕО)

Игор Џамбазов и Гуру Харе ве канат на промоција на „Првите триесет“ (ВИДЕО)

Вечерва, вторник 4 јули 2023 година во пивницата „Beer Garden“ во скопско Дебар мало ќе се одржи промоцијата на новиот албум блуз на Игор Џамбазов и Гуру Харе. Самиот наслов „Првите триесет“ кажува дека се работи за компилација од најдобрите нивни блуз остварувања и воопшто се што заедно направиле во изминативе три децении колку што обајцата соработуваат.

Паралелно со музичката промоција Џамбазов ќе го промовира 20-ото издание на неговата книга „Гол човек“ и маичките со натпис  со извадоци од стиховите од неговите песни.

Џамбазов и Гуру Харе како едни од ретките вечни борци против турбофолкот, шундот, кичот и плејбекот ве чекаат на промоција, а Игор и лично ве кани:

Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov