Радио Милева
време е за на училиште

И децата на некои од познатите лица од српската естрада тргнаа на училиште: Првачиња и останати слатки ученичиња (ФОТО)

И децата на некои од познатите лица од српската естрада тргнаа на училиште: Првачиња и останати слатки ученичиња (ФОТО)

Дел од познатите личности од српската естрада исто така вчера, 1-ви септември, традиционално ги испратија своите малечки во прво одделение, а сега мајките на социјалните мрежи покажаа колку се горди.

Марија Каран, Снежа Борјан, Ана Штајдохар, Душица Јаковљевиќ и многу други ги покажаа своите наследници првиот ден од септември со широки насмевки на нивните лица.

Марија Каран го пофали своето прво дете, Марк Лео, кое го доби со поранешниот сопруг, режисерот Џоел Лубин, а честитките од нејзините следбеници на социјалните мрежи,  не изостанаа.

„Мал сум за предучилишна возраст, мал за прво одделение, но денес тргнавме во нулто, односно прво одделение во Кембриџ! Со среќа синко“- емотивно му порача Снежа Борјан.

„Продолжуваме понатаму, седмо одделение, и како вчера прво да  почнавте! Те сакам“ – восхитено му порача на својот малечок ТВ водителката Душица Јаковљевиќ.

Пејачката Ана Штајдохер и нејзиниот сопруг, музичарот Немања Демоња, ја испратија својата ќерка Ниа на училиште.

Учесничката во реалното шоу „Задруга“, Драгана Митар, исто така го испрати својот син Јован на училиште.

Фото: Немања Николиќ, Принтскрин / Инстаграм, Дамир Дервишагиќ

Останати вести од Радио Милева