Радио Милева
едно за душа, друго за во јавност...

Хрватската пејачка која пее по свадби тврди: „Хрватите глумат патриоти, а ‘одлепуват’ на српски и босански народњаци“ (ФОТО)

Хрватската пејачка која пее по свадби тврди: „Хрватите глумат патриоти, а ‘одлепуват’ на српски и босански народњаци“ (ФОТО)

Градоначалникот на Пула, Филип Зоричиќ неодамна ги забрани настапите на Ана Бекута, Зорана Миќановиќ, Душко Кулиш и Драган Којиќ Кеба во овој град, а потоа во целиот случај се вмеша и локалниот суд.

Хрватската пејачка Мирјана Брадиќ, која е и медицинска сестра, а пее и на свадби, проговори за песните кои најчесто се нарачуваат на веселбите.

„Најтешко е да се пее по свадби. Бендот никогаш не знае какви ќе бидат гостите, а од нас зависи каква ќе биде свадбата. За тоа може да се зборува долго и долго, но генерално, сè се сведува на ситуацијата на самото место.

„Веднаш по тамбуре гостите почнуваат да бараат народни песни. Некој ќе викне: „Знаеш ли нешто од Халид? Често се случува младенците, со кои претходно се договорив да не пеам народни песни, да ми се придружат на подиумот, одобрувајќи ги желбите на своите гости. Никогаш не сум имала случај некој да биде незадоволен затоа што се пеела народна песна“ – изјави Мирјана.

„Најчесто изведуваме песни од Халид Бешлиќ, Харис Џиновиќ, Мирослав Илиќ, Ханка Палдум и Нада Обриќ. Сите буквално знасаст нејзиниот хит „Дуго те дуго очекујем“.
Мирјана истакна дека потешко ѝ е да пее новокомпонирана народна музика отколку онаа, старата.

„Треба да се прави разлика меѓу народната музика и турбофолкот. Народните песни  имаат нешто полесен ритам, кој го сакаа генерациите што живееја во поранешна Југославија. Не пеам турбо затоа што се позахтевни, тоа е еден вид микс на румба и самба, им се восхитувам на оние жени кои можат лесно да ја пеат“- вели таа за „Слободна Далмација“.

„На социјалните мрежи многу луѓе се прикажуваат како големи патриоти и родољуби, а потоа слават со народни песни. Лицемерно е. Ниту еден музички правец не треба да се исмева и да ги раздвојува луѓето, а ние како општество мора да се оддалечиме од тоа“ – изјави Мирјана Брадиќ во интервју за горенаведениот медиум.

„Да зборуваа постојано за тоа, тогаш Германија сигурно немаше да ја има Нена. Не ми паѓа на памет да гледам на песните како музика која  ми се гади, иако не ги пеам и не ги слушам. Лицемерно е да се каже што не треба да се слуша, сечиј избор треба да се почитува“ – заклучува Мирјана.

Фото: Фејсбук принтскрин/Mirjana Bradić

Останати вести од Радио Милева