Радио Милева
со повод

Ѓорѓе Давид доби специјално внимание од три згодни Македонки, а едната од нив покажа дека имаат посебен однос (фото)

Ѓорѓе Давид доби специјално внимание од три згодни Македонки, а едната од нив покажа дека имаат посебен однос (фото)

Рокерот, актер и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид Николиќ деновиве доби стотици честитки кои му дојдоа убаво и му направија топло на душата.

Имено, Ѓорѓе стигна на прагот од седмата животна деценија, односно го прослави својот 59-ти роденден. За свои години Ѓорѓе Давид одлично се држи и одржува, а дека тоа е така покажува неговиот физички изглед.

Од теретана до солариум, тој не се остава на забот на времето.

Покрај себе Ѓорѓе секогаш има убави жени, од помлади до повозрасни, а овој пат по повод роденденот повеќето од нив му покажаа специјално внимание, со убави зборови од желбите за уште многу години пред себе.

Меѓу дамите кои се приклучија на честитките беа и трите познати Македонки, две од нив како негови ученички чиј ментор беше додека се натпреваруваа, а третата како негова пријателка и соработничка.

Периодов најблизу до него покрај работата е актуелната победничка со која сега настапуваат заедно, Славица Ангелова која прикачи заедничка фотографија од сцена, разбирливо со роденденска честитка.

На Инстаграм осамна и приватна фотографија од Андријана Петрушовска, чиј ментор исто така беше тој. Андриијана покажа дека со Ѓоле се блиски, седнати еден до друг, залепени глава до глава. Момент кој младата пејачка сега сметаше дека треба да го открие како за овој посебен ден.

Следеше и честитката со заедничка фотка со водителката Вера Мештеровиќ за која Ѓорѓе своевремено во едно интервју кажа:

-Со Вера дури имам и сериозни деловни приказни. Вера Мештеровиќ е некој кој е задолжен за мене во Македонија по секое прашање, изјави Давид за „Женски магазин“.

Сигурно дека покрај вакви честитки од талентирани и згодни убавици, Ѓорѓе Давид се чувствуаше не постар, туку помлад и во полет.

Среќен роденден!

фото:Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева