Радио Милева

Го прашаа Васил Зафирчев кога ќе излезе 5-тата сезона на „Преспав“ – еве што одговори

Го прашаа Васил Зафирчев кога ќе излезе 5-тата сезона на „Преспав“ – еве што одговори
фото: принтскрин/инстаграм

Кон средината на јануари заврши 4-тата сезона на македонската серија „Преспав“,  а уште на самиот крај гледачите и фановите почнаа да прашуваа кога ќе има петта сезона.

Ликовите со своите каратеристики успеа на интересен начин да ги пренесат случувањата во пансионот „Преспав“, а со тоа да го задржат вниманието на публиката.

Eден од актерите беше Васил Зафирчев кој ја имаше улогата на Марио.  Тој е јогист, будист, вегетаријанец, хомосексуалец и главен готвач во Пансионот „Преспав“.

фото: Принтскрин/инстаграм

Васил во интервју за точка.ком.мк откри што има заедничко со Марио.

„Се трудам повеќе Марио да го откривам и пронаоѓам во типови на луѓе и ситуации од секојдневието. Тоа му дава верност на ликот во комуникацијата со публиката. Во суштина нè врзуваат малку заеднички работи. Ми се допаѓа што е вегетаријанец и јогист, исто како и јас“ вели Васил.

Марио откри дека најмногу на снимањата се смеел со инспектор Томе.

фото: принтскрин/инстаграм

Меѓутоа, на прашањето кога ќе излезе 5-тата сезона на „Преспав“, Васил одговори:

„ Се надевам до крајот на годината“ одговори Васил за точка.ком.мк

фото: принтскрин/инстаграм

За потсетување, 4-тата сезона на „Преспав“ заврши со епизодата „Лецитација“ во која што, пансионот пропадна поради неплатениот кредит на Миле, па се случи лицитација на која присутните наддавачи, а и гледачите се шокираа од спасителот кој понуди милион евра да го купи пансионот.

Спасителот кој дојде на коњ со полна торба пари, беше ни повеќе ни помалку, туку актерот Владо Јовановски кој во втората сезона беше заменет со Игор Џамбазов како Миле Бузалевски.

Дали ќе има 5тата сезона и кога ќе започнат снимањата останува да видиме.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/na-prespav-mu-dojde-krajot-a-eve-go-i-nivniot-odgovor-na-baranjeto-za-5-ta-sezona/

Останати вести од Радио Милева