Радио Милева
адам и порно ева во вселената

Ги украде срцата на Србинките во “Сенки на Балканот”, а сега е партнер на српска порно актерка! (ФОТО + ВИДЕО)

Ги украде срцата на Србинките во “Сенки на Балканот”, а сега е партнер на српска порно актерка! (ФОТО + ВИДЕО)

Словенецот по кој  Србинките сечат вени, Себастијан Каваца, ќе се претстави на огодинешниот филмски фестивал ФЕСТ на 25 и 26 февруари, а партнерка ќе му биде порно филмска ѕвезда со српските корени, Стоја.

Српскиот научно-фантастичен  филм “Ederlezi rising” ќе биде опасно добар ,барем судејќи по трејлерот што беше пуштен. Во него со Себастијан игра и Џесика Стојадиновиќ – Стоја, каде што ова ќе и биде првата улога во филм кој не е порно.

Филмот ја раскажува љубовната приказна од блиската иднина во која корпорацијата Ederlezi го ангажира космонаутот Милутин кој е обучен во сега реформираната Советска Унија да оди во вселената, и со себа да ја поведее Нимани,жената-андроид која е обучена да му ја исполни секоја желба.

Се разбира, емоциите се испреплетуваат и тој ја прави Нимана вистинска жена од крв и месо.

Инаку, по американската порно ѕвезда Стоја (31)  се дигна прашина во Србија уште пред неколку години. Српското потекло го има од мајка и, а името на баба и Стоја го избрала за  свое уметничко име  во порно бизнисот. Таа е влезена во порнографската индустрија уште на 18-годишна возраст, а нејзината баба најпрво ја лажела дека е фото модел. 

Итрата баба Стоја брзо сфатила дека нејзината внука е премногу ниска за фото модел, па вистината бргу испливала на површина и Стоја признал дека таа е всушност порно актерка.

„Не знам многу српски, знам само неколку зборови: ракија, мачка, живеам и… добро газе!“ – ќе изјави Стоја во  едно од своите интервјуа. Сепак, на овој  филм кој е на англиски јазик а не е порно, таа се согласи да прифати улога само заради  нејзините српски корени. Како ќе помине  филмот ќе се види за неколку дена откако ќе биде прикажан, но според се, тоа ќе биде филм за кој допрва ќе се зборува.

Останати вести од Радио Милева