Мегафон
концерти

Георги Шарески Jazzтет во Public Room

Георги Шарески Jazzтет во Public Room
На 23. ноември во Public Room со почеток во 21.30 часот ќе имате можност да уживате во најновиот проект на композиторот и гитарист Георги Шарески.
Овие композиции во вистинско светло го прикажуваат разиграниот дух и единственоста на Шарески како композитор, но и неговиот необичен и неспоредлив стил како врвен гитарист.
Во придружба на тројца од најдобрите македонски музичари, на овој навистина несекојдневен концерт, Шарески ќе го претстави својот највозбудлив репертоар до сега, жанровски шаренолика музика која не е наменета само за џез слушатели, туку за сите оние кои имаат слух за добра музика.
Поставата ја сочинуваат:
Кире Кузманов – саксофон
Славчо Коцев – тапани
Оливер Јосифовски – бас
Георги Шарески – гитара и композиции
Билетите  може да ги набавите на барот на Public Room  или на https://bileti.drugastrana.mk/index.php?id=361