Мегафон

Габриела Новевска ја најавува промоцијата на албумот „Те кажувајет, Илино моме”

Габриела Новевска ја најавува промоцијата на албумот „Те кажувајет, Илино моме”

Вокалистката на Националниот ансамбл „Танец“ и групата „Монистра“, Габриела Новевска, ја најавува промоцијата на долго подготвуваниот албум “Те кажувајет, Илино моме”.

Денот кога албумот ќе биде презентиран е закажан за понеделник 11-ти Декември 2023 година и ќе се случи во кафе бар “Мартини”, со почеток во 20:00часот.

Од новото музичко парче присутните ќе имаат можност да слушнат три композиции , а ќе бидат презентирани преку жива изведба заедно со музичкиот тим на Габриела сочинет од: Александар Јовевски – пијано (аранжмани), Зоран Костадиновски – електрична гитара, Горан Гешовски – бас гитара, Дарко Илиевски – хармоника, Виктор Филиповски – тапани, Ратко Даутовски- перкусии, Драган Илиев-електрична гитара, Гоце Цоневски- придружен вокал, Даце Николовски- придружен вокал, Петар Механџиски – придружен вокал.

Овој проект е поддржан од Министерството за култура и Град Скопје.

фото: Facebook/ Gabriela Novevska