Мегафон

„Funk Shui“ со концертна промоција на албумот “Никогаш Пак” во МКЦ

„Funk Shui“ со концертна промоција на албумот “Никогаш Пак” во МКЦ

„Четири години и неколку турнеи низ Европа и Балканот подоцна, особено ни е драго да Ви го најавиме нашиот самостоен концерт дома, во Скопје, во Денсинг Салата на  МКЦ, кој е истовремено и промоција на нашиот трет албум “Никогаш Пак” – порачуваат члновите на бендот.

„Спремаме свеж концертен лик на ‘Фанк Шуи’ во траење од најмалку час и половина во кој, покрај селекција од минати изданија, возбудени сме и за прв пат во целост да го отсвириме новиот албум.Албумот излегува на 31 Март – worldwide. Работен на „три континенти (САД, Европа и Македонија)“, а се состои од 11 песни, меѓу кои и “Метеори”, “Ветер”, “Не Време” и “Крик”. По речиси 4 години низ невремиња, излегуваме со нешто ново – подготвено исклучително внимателно и со многу љубов. Наскоро ќе објавувиме кои ќе бидат наши концертни гости“!

Билети за концертот во претпродажба од  7-ми март во 10 часот наутро, онлајн на www.bileti.mkc.mkwww.bileti.mkc.mk, како и на билетарницата на МКЦ.
Првите 100 билети – по цена од 100 ден помалку од вистинската, останатите за 100 ден. поскапи се до денот на концертот кога цента ќе биде уште за 100 ден повисока.
Инаку на концертот ќе се продава буклет од албумот во специјално издание, како и нов најразличен merch во лимитиран тираж. (TBA)