Радио Милева
нешто конкретно

Еве како водителката Снеже Велков за 30 секунди се претвора од „Снежана од ТВ бајките“ во… „пепелашка од наше маало“?(ВИДЕО)

Еве како водителката Снеже Велков за 30 секунди се претвора од „Снежана од ТВ бајките“ во… „пепелашка од наше маало“?(ВИДЕО)

Снеже Велков ја знаете како најзгодна пилатес инструкторка, ама уште од пред тоа ја познавате од ТВ екраните… Како водителка на познати емисии, шоу програми и неколку ТВ проекти…

Последниот, насловен „Нешто конкретно“ кој оди на фреквенцијата на ТВ Телма во кој познатите ги става цо ситуација пред ТВ објективот и јавноста да си ја отворат душата па да кажат и раскажат како се снаоѓаат или реагираат во одредени животни ситуации, што мислат за одредени појави, дали почитуваат одредени животни правила и принципи… И уште многу нешта за кои не сме знаеле како повеќе или помалку познатите би реагирале! Теми кои заслужуваат да се обработуваат, а никогаш не биле ставени на маса!

Но, сте знаеле ли  како изгледа трансформацијата на едно познато ТВ лице од она што е во секојдневниот живот во телевизиска ѕвезда? Од „Снежана од ТВ бајките“ во „пепелашка од наше маало“?

Токму ваквата трансформација водителка ја изведе во вид на „видео метаморфоза“ за само 30 секунди пред камерата на мобилниот, па истата ја сподели на својот Инстаграм профил.

Или како што напишала самата: „Снеже Велков во приказната – Кога водителката се претвора во Снеже…“! Трансформацијата почнува со бришење на карминот и шминката, вадење на вештачките трепки, соблекување на гардеробата…

И така до крај, додека „Снежана од ТВ бајката“ насловена „Нешто конкретно“ се преобрази комплетно во „пепелашка од наше маало“!

Единствено штета што „стриптизот“ не е ни конкретен, ни комплетен, ама… Тогаш „бајката“ ќе беше за (18+)… Со цензура!

Вака, чиста е ситуацијата, затоа погледнете ја трансформацијата:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Фото: Инстаграм принтскрин/velkovsneze

Останати вести од Радио Милева