Радио Милева
Честитки од сите страни

„Емотивно го доживеав тоа“ – Антониа Гиговска по промоцијата на нејзиниот деби-албум „2001“ им се обрати на обожавателите (фото) 

„Емотивно го доживеав тоа“ – Антониа Гиговска по промоцијата на нејзиниот деби-албум „2001“ им се обрати на обожавателите (фото) 

На првиот кат на трговскиот центар „ Скопје Сити мол“, се одржа промоцијата на  младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска.

Пред многубројната публика Гиговска вчеравечер на 3 -ти март, пееше со многу емоции и полно енергија, а на фановите бесплатно им беше поделен албумот на  усб со ликот на Антониа.

Пред настапот таа преку Инстаграм  ги потсети сите да дојдат во 18 часот, а тон пораки пристигнаа на нејзината адреса со потврден одговор.

Настанот имаше и хумана нота, а како што им откри  таа усб се делеше бесплатно, но имаше кутија за собирање пари за лекување на Леонид Индов кој се повреди во Грција.

Исполнета со емоциите на нејзините обожаватели пејачката пееше и не криеше колку ужива на својата промоција и на нејзиниот прв албум, а им вети дека ќе има уште многу албуми.

– Луѓе мои, не можам да ви опишам колку емотивно го доживеав ова денес и едвај чекам да ги видите видеата. Фала ви на сите што дојдовте на секој отпеан рефрен и на сите прегратки и насмевки! Вие сте ми најголемата поддршка и ветувам уште многу албуми, Ве сакам – напиша таа.

 

Фото: printskrin/instagram/antoniagigovskaa

Останати вести од Радио Милева