Радио Милева
Посебна

Елена Ристеска преплавена од емоции: „Те сакам, од тој ден дознав што е вистинска љубов!“ (фото)

Елена Ристеска преплавена од емоции: „Те сакам, од тој ден дознав што е вистинска љубов!“ (фото)

Велат дека тетката е втора мајка, а нејзината љубов кон внучето е незнаменлива. Оние кои доживеале и искусиле ваква семејна врска многу добро можат да го потврдат ова.

Една од нив е и пејачката Елена Ритеска која ја има внуката од нејзината сестра, малата принцеза Делфина која наполни осум години.

По тој повод Елена објави заедничка фотографија заедно со малата Делфи како што таа ја нарекува и ги опиша своите емоции.

Среќен 8-ми роденден на мојата внука Делфина. Денот кога се роди дознав што е вистинска, бесконечна и безусловна љубов. Те сакам тети моја, напиша Елена.

Ова е осмиот роденден на Делфина, а досега нејзината тетка многупати ги откри своите чувства кои ја преплавуваат секојдневно за внуката од која не може да се одлепи.

„Најхрабриот лав што го знам, се бори како лавица откако се роди. Најслаткото дете што сум го запознала, како да излегла од цртан филм. Понекогаш се запрашувам дали зборувам со дете или со возрасен – толку е паметна. Некогаш не сум сигурна дали е мое дете или на сестра ми – како јас да сум ја родила, толку многу ја сакам – како свое дете. И без разлика колку деца ќе ми даде Бог, таа секогаш ќе биде моето прво дете. Те сакам, Делфина. Единствената причина поради која останувам овде си ти“, напиша Елена во описот на објавата, напиша Елена во една прилика.

Инаку, Елена Ристеска подолг период е фокусирана на својот бизнис односно козметичката линија „ЕRA“.
Музичката кариера ја стави во втор план и сега повеќе е посветена на промоција и рекламирање на својот нов бизнис.

Останати вести од Радио Милева