Радио Милева
Се' за љубов...

Елена Миленковска славеше роденден, а Гуте ја изненади во 4 и 30 наутро на врата: Торта, свеќички, букет цвеќе и… непредвидено „трето полувреме“ (ВИДЕО)

Елена Миленковска славеше роденден, а Гуте ја изненади во 4 и 30 наутро на врата:  Торта, свеќички, букет цвеќе и… непредвидено „трето полувреме“ (ВИДЕО)

Македонско-српската музичко-брачна екс-„Гранд“ двојка, Елена Миленковска – Гуте Маринковиќ важи за еден од најскладните брачни парови во светот на естрадата. Љубовта, дечињата и семејството пред се’, а во рамките на тоа и одбележувањето на најважните датуми.

Меѓу нив и „денот што го чекаме цела година“, секако, а овој на Елена и беше и некако посебен зашто заокружува една возрасна фаза, една етапа од животот, раситнувајќи ја четвртата деценија.

„Велат дека најубавите работи доаѓаат после 30. Посериозни сме, позрели, различно сакаме, цениме и почитуваме. Стануваме подобра верзија од себе. Живееме за поголеми работи. Чувствувам дека мојот живот е само почеток. Среќна сум, благодарна и срцето ми е полно“ – споделила Елена палејќи ги жижиците со роденденската бројка.

Арно ама за животот да се живее барем приближно онака како што се сака, мора и да се работи… А нечија работа, како онаа естрадната не прашува ниту за делници и празници, саботи и недели, за викенди, ниту за значајни датуми… Напротив, тогаш естрадата најмногу работи.

Така беше и овој пат кога Гуте наместо некаде на роденденска прослава заедно со својата Елена, мораше сам на тезга. Свирките траат до доцна во ноќта, па Гуте и не можеше да и го честита роденденденот онака како што треба на својата сакана сопруга… Или сепак можеше?

Рано утро, половина пет, музичарите се враќаат дома. Со полни џепови, ама Гуте не и со празни раце. Чук, чук на домашната врата со роденденска торта со 30 свеќички за својата сакана, букет цвеќе, роденденска капа на главата и свирче во уста и секако познатата роденденска песна: „Среќен роденден ти посакувам…“! За крај, еден бакнеж – желби рој! За здравје, среќа, љубов, радост, убавини, за вечност…!

„Бев малку тажна вчера што не беше таму за мојот роденден, но сето тоа помина во 4:30 наутро кога го дочекав од свирка на врата. Единствено него нема да можам да го опишам со зборови никогаш! Јас сум среќна жена со ваков човек покрај себе! Сега и засекогаш, твојата жена те сака бескрајно“.

Арно ама, дека ништо не е баш случајно и толку спонтано, Гуте појасни малку подоцна со свое видео. Имено, планот како да се изненади саканата со роденденска честитка и сладок подарок,  бил скован уште преку ден, пред да замине на настап.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gute Marinkovic (@gute.marinkovic)

Но, тоа не е се’… Зашто роденденската сага имала и своевидно „трето полувреме“. И тоа непредвидено.

Имено, откако Гуте тропнал рано наутро во 4.30 на домашната врата со роденденските дарови, подготвен да ја изненади и да и честита на Елена, се случило нешто, што морало и изнендувањето и честитката да ги одложи… Барем на одредено време, за кое Гуте сосе тортата и букетот, онака уморен и издишанн, морал дополнително да стои и чека пред домашната врата… А, еве и зошто!

Па нели рековме, семејството и децата се на прво место. Во секој случај мисијата исполнета, а од неа и пораката на денот: Сакајте и разубавете му го некому денот! Што би рекле: Се’ за љубов!

Фото: Инстаграм/gute.marinkovic/elenamilenkovskaa

Останати вести од Радио Милева