Радио Милева
сликите кои секогаш го опкружувале

Џони Деп продаде колекција портрети за 3,5 милиони евра за само неколку часа (фото)

Џони Деп продаде колекција портрети за 3,5 милиони евра за само неколку часа (фото)

Џони Деп заработи околу три и пол милиони евра за само неколку часа откако објави продажба на своите слики на „Инстаграм“.

Холивудскиот актер  објави дека ќе ја продава својата дебитантска колекција „Пријатели и херои“ преку лондонската галерија „Кастл Фина Арт“.

Сликите кои американскиот актер Џони Деп (59) што самиот ги изработил се посветени на луѓето кои најмногу го инспирирале во неговата кариера: гитаристот на Ролинг Стоунс, Кит Ричардс, оскаровецот Ал Пачино, иконскиот пејач и текстописец Боб Дилан и холивудската дива од златното доба Елизабет Тејлор.

Галеријата објави дека нејзината веб-страница, која нуди 780 дела на продажба, е преполна со барања од купувачи. Клиентите плаќале по 17.800 евра за комплет од четири принтови или 4.700 евра за еден.

„Отсекогаш сум ја користел уметноста за да ги изразам своите чувства, да размислувам и да им се оддолжам на оние кои ми значат најмногу – семејството, пријателите и луѓето на кои им се восхитувам“, истакна актерот.

Како што вели, сликите секогаш го опкружувале, но тој ги чувал за себе.

„Никој никогаш не треба да се ограничува“, рече Деп.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/johnnydepp

Останати вести од Радио Милева