Радио Милева
Ринг, ринг...

Речиси… се’ што е убаво и што ќе посака и е на дофат: Љупка Митрова е гладна за уметност, хедонизам и… секс? (ФОТО)

Речиси… се’ што е убаво и што ќе посака и е на дофат: Љупка Митрова е гладна за уметност, хедонизам и… секс? (ФОТО)

Љупка Митрова, позната струмичанка, во блиски роднински релации со семејството Заеви, ќерка на богат претприемач и бизнисмен, мајка на две прекрасни ќерки, која животот го живее со полни гради… Од пред некое време и силиконски надградени.

Го обожава цвеќето, му се радува на готвењето, па во последно време и самата умее да покаже дека ја бива и во кујната.

Секако, покрај она по што стана и позната: модното блогерство, фотомоделингот, инфлуесерството… До душа и по уште некои „фатални (вон)брачни врски“ кои своевремено ја тангираа јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ljupka MITROVA 🫀 (@ljupka_mitrova)

Атрактивна, згодна, сексапилна, провокативна, заводлива…  Едноставно неодолива, официјално „среќно разведена“ и слободна, а неофицијално… Поучена од претходните искуства, овој пат приватноста  останува строго да ја чува само за себе и евентуално мал круг околу неа!

И навидум расната струмичанка е навистина среќно дете, зашто кога се има и се може, речиси  се’ што е убаво и што ќе посакаш ти е на дофат. Тоа го покажала илјада пати на  своите фотографии, видеа и стории на социјалните мрежи, особено на нејзиниот Инстаграм.

Така е и овој пат кога Љупка Митрова сподели неколку фотографии што ги покажуваат нејзините желби, поскаувања и апетити…!

Како перфекционист, јасное дека е гладна за уметност од било кој тип… Од онаа на соблекувањето и позирањето, преку онаа на готвењето, па се до онаа на сервирањето… А Бога ми и конзумирањето…

Чист хедоинизам!  Задоволството и телесни уживања како единствена животна цел.

Добро е кога се има и лесно може да си приуштиш речиси се’ што(м) ќе посакаш… Се’ што е убаво и тебе ти се допаѓа… Сепак, за некои работи, ќе мора и да „заѕвониш“!

А на Љупка овој пат ѕвончето и беше на дофат… Уште голтка – две од пијалакот и… „Ринг, ринг…“! Од возбуда забрзано срцебиење или… Добра ноќ, замина(в) на спиење!? Определбата зависи од проценката, расположението и нивото на желбата!

За која опција овој пат се определила, атрактивната струмичанка, сепак не споделила!

Фото: Инстаграм/ljupka_mitrova

 

Останати вести од Радио Милева