Радио Милева
тага

Драгана Мирковиќ длабоко потресена од трагедијата, ја одложи турнејата (фото)

Драгана Мирковиќ длабоко потресена од трагедијата,  ја одложи турнејата (фото)

Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ со голема тага ја прими веста за невидениот масакр во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар.

Драгана моментално е на австралиска турнеја каде ги собори сите рекорди на посетеност, но поради страшната вест за трагедијата во Белград, таа одлучи да ги откаже последните два концерта – во Мелбурн и Перт, иако беа распродадени со недели однапред.

– Длабоко потресена од невидената трагедија во мојата земја, ги откажав концертите во Мелбурн и Перт, кои беа закажани за овој викенд. Големо извинување до сите што купиле билети, но се надевам дека ќе бидат со разбирање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Mirković (@dragana_mirkovic)

– Моето искрено сочувство и молитви се упатени до семејствата на жртвите. Почивајте во мир ангели – напиша Драгана.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

Останати вести од Радио Милева