Радио Милева
ништо од гламурозна свадба

Додека сите ја чекаат свадбата на деценијата, Бекамови го оженија синот во тајност?

Додека сите ја чекаат свадбата на деценијата, Бекамови го оженија синот во тајност?
фото: Jeff Spicer, Getty Images via Guliver

Откако Бруклин Бекам ја запроси својата девојка Никола Пелц, јавноста со нетрпение ја очекува свадбата на деценијата.

Сепак, еден детаљ разбуди сомнежи дека Бекам кажал судбоносното „да“ во тајност и дека нема да има ништо од гламурозна свадба.

Гласините започнаа кога папараците го фотографирале Бруклин со прстен кој наликува на бурма.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynbeckham

Тие го уловиле додека купувал прехранбени производи, а прстенот на раката дополнително се истакнувал. Фановите започнаа да шпекулираат дека тајно се оженил.

Бидејќи се забранети собирања и прослави поради коронавирусот, парот ќе почека да направи гала свадба. Изгледа тие одлучиле во тајност да стапат во брак, а за прослава ќе мора да почекат и некои подобри денови.

Бекамови не се огласија по овие пишувања

Останати вести од Радио Милева