Радио Милева
невообичаено за неа

Длабоко деколте и фустан до под за кој долго ќе се зборува: Милица Павловиќ ги маѓепса сите (фото) 

Длабоко деколте и фустан до под за кој долго ќе се зборува: Милица Павловиќ ги маѓепса сите (фото) 

Во Белград се одржа промоцијата на двата албума на Јелена Карлеуша.

Разбирливо е дека пејачката била во центарот на вниманието, особено со нејзините костими.. Но на  промоцијата собра многу колешки, а меѓу најзабележителните беше Милица Павловиќ.

Пејачката со Јелена Карлеуша ја сними песната „Машала“ која се најде на новиот албум „Алфа“, а на промоцијата на нејзината колешка Милица се појави во црно издание.

А за оваа пригода носеше долг црн фустан со долги ракави.

На горниот дел од фустанот имаше прерамки и длабоко деколте во V-форма, под кое се гледаше бела блуза.

Предолгите ракави оставија одличен ефект, а струкот Милица го истакна со црн појас со сребрена тока. Фустанот потоа ја следеше линијата на телото сè до колената, а потоа се прошири во нежен крој . Оваа тоалета можеби претставува нешто што не сме навикнати да го гледаме од Милица, но подеднакво е привлечен, смел и женствен.
Со овој фустан пејачката носеше мала црна чанта и црни потпетици Покрај моделот на фустанот, во преден план беше и фризурата на пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)

Имено,  таа ја собра косата во висока пунџа, но од предниот дел на лицето пушти едно праменче да и падне. Таа уште повеќе ги истакна цртите на лицето со тенки висечки обетки, а не остана незабележана ниту нејзината шминка. Очите ги истакнала со тенка сенка и ајлајнер, кои ги користела за да ги врами, постигнувајќи ефект на мачка.

Фото: Принтскрин/Ата Имаџес/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева