Радио Милева
актерска кариера

„Децата не треба да бидат во Холивуд“: Натали Портман се осврна на својата прва улога во животот (фото) 

„Децата не треба да бидат во Холивуд“: Натали Портман се осврна на својата прва улога во животот (фото) 

Натали Портман ја започна својата долга филмска кариера кога имаше само 12 години – со улога во филмот на Лук Бесон – “Léon: The Professional”.

Сепак, оскаровката смета дека децата не треба да работат во Холивуд.

„Не би ги охрабрила младите да навлегуваат во тоа, не никогаш, но не додека се деца“, изјавила таа.

Сепак, Портман не жали што ја започнала својата актерска кариера во нејзините предпубертетски години, бидејќи нејзините родители се грижеле за неа додека била на снимање.

„Се чувствувам среќна што не бев повредена, но за тоа им давам заслуга и на моите презаштитни, прекрасни родители. Не ви се допаѓа кога сте дете, но сте благодарни кога ќе пораснете. Слушнав премногу лоши приказни и мислам дека децата не треба да бидат дел од тоа“, објаснила понатаму.

Таа веќе кажа дека во детството, поради раната актерска кариера, била претерано сексуализирана од јавноста. „Тоа ме натера да се плашам од сопствената сексуалност“.

„Дел од тоа произлегува од самите улоги и начинот на кој се напишани, а дел од пишувањето на критичарите и новинарите. Се сеќавам, имав околу 13 години и ја прочитав рецензијата за филмот во кој глумав, а во неа беа спомнати моите гради“, изјавила Натали која усвоила некои одбранбени механизми, како на пример одбивање улоги кои вклучуваат секс.

Фото: Принтскрин/Instagram/natalieportman

Останати вести од Радио Милева