Радио Милева
скромен и самокритичен

Мики Секуловски разврза јазик за својата манторка Цеца Ражнатовиќ: „Мислев дека е поинаква“ (фото)

Мики Секуловски разврза јазик за својата манторка Цеца Ражнатовиќ: „Мислев дека е поинаква“ (фото)

Минатиот викенд нашиот кандидат во „Ѕвездите на Гранд“, велешанецот Мики Секуловски, уште еднаш го шармираше и жирито и публиката која ја освои со својата неверојатна изведба, за која беше награден со максимален број гласови и директен пласман во следниот, шести круг.

И покрај тоа што врз него беа опсипани само пофалбите на жирито, Мики признава дека не е од оние кои лесно се креваат со комплименти.

– Задоволен сум. Може да биде подобро. Секогаш сум доста самокритичен и секогаш мислам дека можам повеќе. Добро беше, но не и идеално, би го оценил четири од пет – истакна Секуловски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miki Sekulovski (@mikisekulovski)

За разлика од многу натпреварувачи кои макотрпно се подготвуваат и размислуваат за секој чекор што ќе го направат на сцената, Мики во дадениот момент се предава на своето чувство.

– Уживам кога сум на сцената. За мене проблемот е зад сцената и се останато освен кога сум на сцена. Штом го земам микрофонот, се ми оди природно и спонтано. Обично не вежбам и не се подготвувам, но ме занесува адреналинот – објасни тој за Гранд.

И покрај бројните пофалби и коментари дека е еден од фаворитите за финалето, тој тврди дека не размислува за победа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miki Sekulovski (@mikisekulovski)

– Искрено, немам никакви очекувања бидејќи сум самокритичен и можам да судам и без жири. Мило ми е што им се допаѓаат моите интерпретации, па ќе видиме до каде ќе одам – изјави пејачот.

Од Гранд за кои наедно и зборуваше, се интересираа Мики да открие и како се разбира со неговата менторка Цеца.

– Не очекував толку позитивни реакции и коментари, многу ме радува тоа, особено од Цеца, која ми е ментор. Таа е одлична жена, додека не ја запознав мислев дека е недостапна, а од моментот кога се запознавме веднаш сфатив дека е поинаква и вистински професионалец – објасни Мики.

Натпреварувачот, кој неколку години беше келнер во Белгија, откри зошто порано не си ја пробал среќата во „Ѕвездите на Гранд“.

– Во Белгија живеев пет години. Имав семејни проблеми кои се случија и кога тие се разрешија решив да се вратам и да пробам музичка кариера – изјави Мики за Гранд.

За потсетување, Мики Секуловски македонската јавност за првпат го запозна на првото македонско музичко шоу за таленти „Македонски Идол“ каде беше финалист, а подоцна започна и соло кариера и издаде неколку песни и спотови по кои го снема од музичката сцена.

Фото: Printscreen You Tube/ Zvezde Granda/ Instagram/ mikisekulovski

Останати вести од Радио Милева